nike dunk sb Kobe Bryant Shoes wedding dress Flooring discount fashion handbags replica handbags replica rolex nfl jerseys NFL Jerseys NFL Jerseys cheap air jordan
Кликни за поголема

Најнови видеа превземени од a1.com.mk
adidas superstar puma feffari cheap nike shoes air max 180
Време, број 1017, 19.03.2007





     

ПРЕВОЗНИЦИТЕ ОД ДОЛНЕНИ ТВРДАТ
Тендерот за превоз на ученици и наставници е наместен

Тендерот за превоз на ученици и наставници во општината Долнени е наместен, тврдат неколку приватни превозници. Иако распишан уште од јули, тендерот неколку пати се поништува.
Приватниците што вршат превоз велат дека со учеството на тендерот, кој е нерегуларен, им се прави штета и парите им пропаѓаат.
Од локалната самоуправа велат дека тендерската процедура се спроведува правилно. Бирото за јавни набавки при Министерството за финансии побара да се изврши инспекциски надзор врз спроведувањето на постапката за отворен повик за превоз на ученици и наставници спроведен од општина Долнени.
- На тендерот што беше распишан лани во јуни освоив максимум 100 бода. Тендерот го доби понудувач што беше рангиран со 70 бода, што значи тендерот беше наместен и веројатно решен со поткуп. Комисијата правилно изврши бодување, но градоначалникот не го потпиша изборот. Со учеството на лажираниот тендер изгубив околу 500 илјади денари. Повторно нема да конкурирам и по цена да изгубам пари и работа оти исходот и на вториот тендер ќе биде ист - вели Урим Ибески од ДООЕЛ „Линди Турс“ од село Дебреште.
Пет заинтересирани фирми од Дебреште, Црнилиште, Лажани, Борино и Прилеп, кои конкурирале на тендерот, се незадоволни од исходот и поднеле жалба до комисијата за жалби по јавни набавки при Владата на Македонија. Оваа комисија констатирала дека објавата на повикот не содржела назнака за деливост на предметот на набавката по линии и исто така доставените понуди не биле подготвени согласно со барањата на тендерот. Тендерот бил поништен, а општината Долнени распишала нов тендер.
- Вториот тендер е објавен на 20 февруари, ќе трае до 20 април и важи една година. Постапката за отворен повик ќе се спроведува законски - вели Зоран Здравески, претседател на комисијата за јавни набавки при општина Долнени.
По реакцијата на незадоволните автопревозници, Бирото за јавни набавки при Министерството за финансии од централната внатрешна контрола побара да изврши инспекциски надзор врз спроведувањето на постапката по отворениот повик за превоз на ученици и наставници од местото на живеење до училиштето во општината Долнени.

Св.Р.


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:

КОЈА Е ВИСТИНАТА ЗА АНКЕТНИОТ ЛИСТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ?
УЈП ќе го бара имотот на Црвенковска и во бившата СФРЈ

ИНТЕРВЈУ: ВЛАДИКАТА ТИМОТЕЈ
Со името ќе се реши и црковното прашање

ПОЛИЦИЈАТА ВО ЈУНИ ЌЕ ГО САРДИСА ОХРИД
Драконски мерки на безбедност за време на НАТО-форумот

ОТКАКО ВЛАДАТА СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ГИ РАЗРЕШИ
Менаџерите во паника си ги намалуваат платите

КОНГРЕС НА ВМРО – ДПМНЕ
Груевски најави политика блиска до народот

ОЦЕНКА НА ДОСТА ДИМОВСКА
Групи сакаат да ги расипат македонско-бугарските односи

ОДАНОЧУВАЊЕ
Верските заедници ќе се договараат за фискални каси

НОВИ ДОГОВОРИ
И Актон со интерконекциски договор со МТ

ЛДП
Образованието натежнува од проблеми

ТИТО ПЕТКОВСКИ ОД НСДП ВО ПРИЛЕП
Социјален пакет за семејствата на загинатите Албанци од конфликтот

ТМРО
Репарации од Атина за геноцидот врз Егејците

ПО НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛАТА ЗИМА
Земјоделците стравуваат од уште едно долго сушно лето

ПРИЛЕПСКА ПРИКАЗНА ОД ПОД МАРКОВИ КУЛИ
Невработени, живеат в планина без струја и без вода

ЗАВРШИ ОТКУПОТ НА ТУТУНОТ
Тутунарите бараат 40 денари премија

  

    


Фудбалот ќе пукне(ше) од полициски притисок




















 
| Најава
Supra Footwear © 2005 Време. www.vreme.com.mk Сите права се задржани.

 
juicy couture christian louboutin tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers nfl jerseys mbt shoes ugg boots Gucci super bowl jersey gucci online,gucci shoes