|
БОРБА ПРОТИВ РАКОТ НА ДОЈКА
Бесплатни прегледи за 130 социјално загрозени жени
Алијансата за борба против ракот на дојка обезбедила 130.000 денари за бесплатни прегледи на дојка. Овие средства ќе обезбедат бесплатен преглед за 130 социјално загрозени жени. Здружението за борба против рак „Борка“ и компанијата за жени „Авон“ средствата ги собрале во рамките на кампањата за борба против рак на дојката. Од Алијансата велат дека кампањата покажала оти расте свеста кај жените. - Едукацијата, информирањето и поддршката се главните алатки што придонесуваат ракот на дојка да се третира како излечива болест. Почетната фаза на овој вид рак може да се излекува кај повеќе од 95 проценти од заболените доколку се прават навремени и редовни лекарски контроли за рана дијагноза и рани третмани - велат од Алијансата. Во седумдесеттите години биле регистрирани само 250 случаи со рак на дојка на годишно ниво во Македонија, Србија и Косово. - Денес оваа бројка е енормно зголемена и само на територијата на Македонија се регистрираат 800 нови случаи годишно - вели проф. д-р Тихомир Крцковски, кој апелира до сите жени над 40-годишна возраст да одат на редовни прегледи.
|
Слични статии:
Останати статии од оваа рубрика:
|
|