|
ПО СИЛНИТЕ НАЈАВИ
Одложена окупацијата на „Сувенир“
Триесетина поранешни вработени на фабриката за оружје „Сувенир“ го блокираа регионалниот пат Кичево - Прилеп протестирајќи поради развлекувањето на судскиот спор што се води за сопственоста на фирмата. Сообраќајот беше сосема блокиран во периодот од 11 до 13 часот. Работниците го одложија насилниот упад во фабриката, кој го најавија вчера. Тие велат дека в понеделник ќе разговараат со претставници на Владата. Во зависност од резултатите на разговорите ќе одлучат дали во вторник повторно ќе ги блокираат патиштата и ќе тргнат кон „Сувенир“. Оваа фабрика во февруари минатата година му беше продадена на Гркот Василиос Пападопулос за 500.000 евра. Тој не успеал да ја рестартира фабриката како што било наведено во договорот. Поради ова државата бара раскинување на купопродажниот договор. Судскиот процес се развлекува оти грчкиот газда немал адреса. За „Сувенир“ беа заинтересирани неколку американски компании, од кои дел се откажаа.
А. Б.
|
Слични статии:
Останати статии од оваа рубрика:
|
|