|
СТОМАТОЛОЗИТЕ НА ПРОТЕСТ
Повисоката партиципација ќе ги избрка пациентите
Стоматолозите-концесионери на јавното здравство се противат на намалувањето на вредноста на капитациониот бод од 45 на 35 денари и зголемувањето на партиципацијата што ја плаќаат пациентите до 50 проценти во наредните пет години. Велат дека со новините што им ги наметнува Фондот за здравство ќе останат без пациенти. Тие најавија дека на 21 декември ќе протестираат пред Министерството за здравство. - Нашите барања се капитацијата да остане на исто ниво или да се качи на 60 денари. Осигурениците немаат пари за повисока партиципација. Не поддржува и Стоматолошката комора на приватни стоматолози - вели Татјана Николова-Јанкулоска, претставник од Иницијативниот одбор на стоматолози-концесионери. Предлогот на извршниот одбор на комората бил пациентот да плаќа 20 проценти од цената по извршената услуга, а 80 отсто од средствата да ги намирува Фондот. - Предлогот го доставивме до управниот одбор, но не беше прифатен - вели Петар Чакар, член на извршен одбор на Стоматолошката комора. Од комората објаснуваат дека потпишувањето на новините им било „сервирано“ во пет до 12 и биле ставени пред свршен чин.
Н. Н. Б.
|
Слични статии:
Останати статии од оваа рубрика:
|
|