|
ОПШТИНАТА ТЕАРЦЕ БАРА ОДГОВОРНОСТ
Каде се парите за водоводот во Нераште?
Каде се парите за изградба на водоводна мрежа за населеното место Нераште и кога ќе бидат префрлени на сметката на општината Теарце, јавно праша општинското раководство на вчерашната средба со новинарите. - Парламентот усвои амандман за одобрување средства за водоводна мрежа за Нераште, но ветените пари се уште ги нема - изјави Фадил Џафери, претседавач на совет на општината Теарце. Општинските власти досега имаат слушнато неколку верзии за тоа каде се над 6 милиони денари. За изградбата на оваа водоводна мрежа е подготвен и проект, кој бил усвоен и на една од седниците на советот, а четирите илјади жители на Нераште се прашуваат кога ова прашање ќе биде симнато од дневен ред и кога ќе почнат работите.
А. С.
|