|
ИСТРАЖУВАЊЕ НА СТОБИ
Римскиот форум се готви за презентација
Екипа на Музејот на Македонија од денеска го продолжува истражувањето на Римскиот форум на античкиот локалитет Стоби.
За време на двете истражувачки фази - првата во периодот мај/јуни, а втората во август/октомври - ќе се работи на внатрешноста на градбата.
Форумот е изграден во 2 век и активно функционирал и во 3 век. Со минатогодишните истражувања се констатирани и два нови објекта што биле во негова функција.
Од Музејот најавуваат дека во овие истражувања ќе се почне да се работи и на просторот источно од внатрешниот градски бедем, каде што со поранешните ископувања е откриена голема просторија со перистил и подни мозаици.
Истражувањата ги раководи Мила Шурбановска, а во втората фаза на истражувањето на Стоби ќе бидат вклучени и експерти за мозаици и архитектонска декоративна пластика од Италија и од Палестина, кои заедно со македонската екипа ќе работат на подготовките за реконструкција, конзервација и презентација на целиот објект.
Годинашните истражувања ги финансира невладина организација од Палермо, Италија, во рамките на проектот „Археолошка и туристичка валоризација на археолошкиот град Стоби“.
|
Слични статии:
Останати статии од оваа рубрика:
|
|