|
ОД ВЕЧЕРВА
Винофест кај Камени мост
Презентации на вина од 17 винарии, како и музика од повеќе изведувачи се предвидува со програмата на првиот фестивал на виното во Скопје, кој почнува вечерва во 19 часот, а ќе трае до сабота. Фестивалот ќе се одржува на платото до Камениот мост. Како што објаснија градските власти, кои се коорганизатори на манифестацијата, таа ќе има натпреварувачки карактер, односно ќе се доделат по три награди за бели и за црвени вина и гран-при. Вината ќе ги оценуваат странски енолози од Англија, Италија и од Србија. - Оваа администрација, освен што работи на инфраструктурни проекти, се обидува и да воспостави манифестации како во европските градови, кои би можеле да станат традиционални. Такви се Белата ноќ, Баскерфест, Звуците на чаршијата, а од сега почнуваме и со фестивал на виното, со кој сакаме да им овозможиме на нашите винарии да ги презентираат своите производи - истакна Слободан Ќосев, раководител на градскиот сектор за локален економски развој. На винофестот ќе настапат повеќе музичари од земјава, но и од Италија и од Војводина, а меѓу нив ќе биде Ристо Самарџиев.
Г.Т.
|
Слични статии:
Останати статии од оваа рубрика:
|
|