nike dunk sb Kobe Bryant Shoes wedding dress Flooring discount fashion handbags replica handbags replica rolex nfl jerseys NFL Jerseys NFL Jerseys Cheap Shox Shoes
Кликни за поголема

Најнови видеа превземени од a1.com.mk
adidas superstar puma feffari cheap nike shoes air max 180
Време, број 1250, 15.12.2007





     

ПО ИНИЦИЈАТИВАТА НА ДУИ ДА ВЛЕЗЕ ВО ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО
ДУИ ни го дава името за независно Косово?

Елизабета С. Илиевска

Демократската унија за интеграција на Али Ахмети го засилува притисокот до власта, во обид да издејствува вклучување албански претставници во преговорите за името. Ахмети завчера се сретна со грчката амбасадорка Александра Пападопулу, но тоа не е прва таква средба, на која Ахмети ги изнесува своите барања да се вклучи во преговорите. Пред шест месеци тој имаше директна средба со министерката за надворешни работи на Грција Дора Бакојани во нејзиното министерство. Од ДУИ потврдуваат дека и тогаш станало збор за името, но не изнесуваат повеќе детали. Според ДУИ, намерата на оваа партија е само да понуди помош во преговорите за името, а негираат дека зад ова има одредена заднина, која се врзува со прашањето за Косово. Албанските медиуми досега повеќе пати пишуваа дека Ахмети лобира кај Грците да го променат својот цврст став против независноста на Косово и да ја признаат оваа српска област. За возврат, ДУИ наводно нудела да се вклучи во преговорите од македонска страна, за да можат да влијаат врз текот на преговорите, кои се од поголемо значење за Грците од статусот на Косово. Неделава Грција и официјално попушти од својата поддршка за Србија и прифати независно Косово, оставајќи го својот сојузник Кипар како единствена земја од ЕУ што отворено се противи на независноста. Грчкиот весник „Та Неа“ тогаш објави дека Грција за оваа промена на ставот добила надомест од страна на Европската Унија во вид на поостар став на ЕУ кон Македонија во спорот за името. Тоа се материјализира и во заклучоците за Македонија на европските министри за надворешни работи, кои побараа решавање на сите балкански спорови со заемна согласност и ја критикуваа Македонија поради политичката криза во односите меѓу владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДПА и опозициските СДСМ и ДУИ. Од ДПА, пак, велат дека тие го кажале својот став за неменување на уставното име на Република Македонија. - Промени во нашиот став засега нема. Тоа што ДУИ бара вклучување во преговорите треба да го објаснат тие, кои се нивните интереси во целата работа? Дали е тоа да имаат поголемо влијание на грчката политика кај нив, па тие во Македонија да бидат помеката страна за решавање на спорот со името - вели Ружди Матоши од ДПА. Од Владата вчера не сакаа да го коментираат ова прашање. Од ДУИ ваквите тези ги отфрлаат како неосновани. За Теута Арифи ова е старо барање на партијата и не се актуализира во даден момент, туку е присутно уште од самото создавање на партијата. Ермина Мехмети, пак, вели дека не станува збор за принуда или реваншизам туку за поддршка на Македонија, бидејќи и Македонците и Албанците имаат исти пасоши и третман пред грчките царински служби. - Инсистирањето на етничките Македонци да нема албански претставници во преговорите е нивен проблем. Прашањето со името не може да биде ексклузивно право само на Македонците. Нека соберат храброст и нека постават на клучните ресори во МНР или МВР, во Собранието или во Владата лице од албанска националност и тогаш ќе се покаже довербата - вели Ермира Мехмети. Македонија се смета како една од земјите што први ќе ја признаат независноста на Косово. При неодамнешната посета на косовскиот претседател Фатмир Сејдиу на Македонија, претседателот Бранко Црвенковски пред косовскиот гостин и медиумите изјави дека Македонија нема да биде првата што ќе го признае Косово, туку за тоа ќе чека одлука на земјите на НАТО и на Европската Унија.


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:

ПОРАНЕШНИ ВРАБОТЕНИ ВО КУМАНОВСКАТА ФАБРИКА ТВРДАТ
Не можевме да се бориме со моќниците за акциите на ФЗЦ

СЛУЧАЈ „ЈУГО“
Владата издала лиценца спротивно на законот

ДИПЛОМАТСКА ОФАНЗИВА
Груевски очекува Европа да ја награди Македонија

ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ ПРЕДЛАГА
„Да прифатиме Северна Македонија“

СДСМ
Од каде му се на Мијалков 300.000 евра во акции

АНКЕТНА КОМИСИЈА
Собранието со резолуција ќе ги брани правата на Егејците

НОВА КОМПАНИЈА НА МАКЕДОНСКОТО НЕБО
За 99 евра до европските градови

ЦРКВАТА ВО ФИЛМОТ НА СРЕДНИОТ ВЕК
Проклетство за оние што се мешаат во бизнисот на МПЦ

ПРИЛЕП
Нападнат обвинителот што го гони Богдан

УНДП И „РАЗБУДИ СЕ“
Ученици во „Цветан Димов“ носат оружје на училиште

СОВРЕМЕНА СТОМАТОЛОГИЈА И КАЈ НАС
Чување матични клетки од млечни заби за 1.100 евра

ИМЕР СЕЛМАНИ
Потрошувачите консултирани за основниот пакет услуги

БОРБА ПРОТИВ РАКОТ НА ДОЈКА
Бесплатни прегледи за 130 социјално загрозени жени

ПО СИЛНИТЕ НАЈАВИ
Одложена окупацијата на „Сувенир“

СТОМАТОЛОЗИТЕ НА ПРОТЕСТ
Повисоката партиципација ќе ги избрка пациентите

ОПШТИНАТА ТЕАРЦЕ БАРА ОДГОВОРНОСТ
Каде се парите за водоводот во Нераште?

  













































































































Племиња




















 
| Најава
© 2005 Време. www.vreme.com.mk Сите права се задржани.

 
juicy couture christian louboutin tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers nfl jerseys mbt shoes ugg boots Gucci super bowl jersey gucci online,gucci shoes