|
ПО ПРОМОЦИЈАТА ВО ЛОНДОН
„Скриената Македонија“ дојде кај нас
Книгата „Скриена Македонија“ на Кристофер Делисо деновиве може да се набави во книжарницата „Матица“. Ова издание посветено на тајните на македонските езера, во почетокот на декември минатата година беше промовирано во Лондон, во познатата книжарница „Нотинг хил“, како и на радиото „Би-би-си“. - Во емисијата „Вишок багаж“ на „Би-би-си“ имав можност да зборувам за правото на Македонија да го задржи уставното име. Со помош на македонската амбасада во Лондон успеавме да дадеме примери на историските, археолошките и природните убавини поради кои Македонија е извонредна локација за британски туристи - вели Делисо. „Книгата е значајно дело, кое отвора нов прозорец на Македонија кон светот. Полна е со мистика и егзотика и на вистински начин и во вистинско време ја претставува Македонија пред светот со сиот свој сјај и убавина“, велат од издавачката куќа „Матица“. Делисо е американски новинар и патописец, кој со години живее и работи во Македонија. Тој е постојан писател за туристичкиот гигант „Лонли планет“, а пишува и за низа западноевропски и американски весници и списанија, како и за интернет-страницата њњњ.балканалѕсис.цом. Во „Матица“ задоволни од интересот за англиската верзија, најавуваат дека преводот на „Скриената Македонија“ на македонски ќе се појави во март.
Н.Б.
|
Слични статии:
Останати статии од оваа рубрика:
|
|