|
НОВА ВСЕЛЕНСКА МИСИЈА
„Гугл“ и „Вирџин“ ќе го колонизираат Марс
Основачите на „Гугл”, Лери Пејџ и Сергеј Брин се здружија со познатиот ентузијаст за вселенски патувања и сопственик на „Вирџин рекордс”, Ричард Брансон, во планот за освојување на црвената планета. За овој проект тие ја формираа хибридната компанија „Виргл”, а планот е детално разработен: за целосна колонизација ќе бидат потребни околу сто години, а влогот ќе изнесува 10 до 15 милијарди долари. Враќањето на вложените финансии компаниите очекуваат да го остварат со продажба на земјиштето на Марс. Што се однесува до „Гугл”, тука може да се спомене уште еден новитет. Имено, во својата електронска пошта, „гмаил”, „Гугл” ја вовел опцијата „цустом тиме” со која може да се менува датумот на електронските пораки наназад. Со други зборови, ако сте заборавиле да пратите порака некому, едноставно кажете дека сте ја пратиле, но дека не ја добил. Ќе ви остане уште да го смените датумот на праќање, со што вашето алиби ќе биде неоспорно.
|
Слични статии:
Останати статии од оваа рубрика:
|
|