nike dunk sb Kobe Bryant Shoes wedding dress Flooring discount fashion handbags replica handbags replica rolex nfl jerseys NFL Jerseys NFL Jerseys Cheap Shox Shoes
Кликни за поголема

Најнови видеа превземени од a1.com.mk
adidas superstar puma feffari cheap nike shoes air max 180
Време, број 1632, 01.04.2009





     

ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД СИ ГО ПРАВИ СВОЕТО
Уживаме во театар со најевтини билети во регионот

Цените на билетите за претставите на македонските театри се значително пониски од тие во театрите во соседството. Публиката во Загреб, Белград или во Подгорица треба да плати десетина евра за да оди в театар, додека кај нас задоволството на театарската магијата се наплаќа само четири евра.
- Македонскиот народен театар во Скопје има стандардна цена на билетите. Таа изнесува 250 денари. Додека, пак, за организирани групи посетители со повеќе од 20 луѓе, билетот чини 200 денари. За посети на ученици таа е уште пониска - вели Сандра Стојмирова од МНТ. Иако за многумина цената од 250 денари за претстава се чини превисока во однос на ниските месечни примања, сепак театарот се покажа како еден од главните забавувачи и збогатувачи на човековиот дух во македонскиот културен контекст. Еден од доказите за ова е и тоа што се распродадени билетите за најсвежата постановка на МНТ, „Г-ѓа министерка“, за наредните неколку недели. Според очекувањата на директорот на МНТ, Сашо Миленковски, оваа претстава има шанси да го стигне рекордот на гледаност во куќата, кој го држи претставата „Сомнително лице“ во режија на Синиша Ефтимов.
Во големите театарски куќи во регионот, пак, билетите чинат барем двојно од нашите четири евра. Во Југословенско драмско позориште во Белград, на пример, цената на билетите варира од 700 до 1.000 динари (осум до 12 евра) за седиштата во партер, а за балкон таа изнесува 500 динари. - За да се погледне претставата „Кандид или оптимизам“ на македонскиот режисер Александар Поповски, треба да се одвојат 1.000 динари за партер и 500 динари за седишта на балкон - велат од ЈДП.
Слична е ситуацијата и во Загреб. Во Хрватско народно казалиште билетите чинат од 80 куни (11 евра) за ложите до 45 куни за балконите. Додека, пак, во театарот „Гавела“ полната цена на билетите изнесува 70 куни.
Дури и Црна Гора има скапи билети на претставите. На пример, претставата „Генерална проба на самоубиство“ во режија на Душан Ковачевиќ, а во продукција на „Звездара театар“ од Белград, која минатата недела беше изведена во Центарот за култура во Тиват изнесуваше седум евра. И во познатиот софиски театар „Иван Вазов“, во зависност од претставата и позицијата на седиштето, билетите чинат од едно до 10 евра. Причината за двојно повисоките цени на театарските билети во соседните земји, односно на ниските, споредено со нив, кај нас, според проследувачите, е само во животниот стандард.
Како и МНТ, и Драмски театар има стандардна цена од 250 денари за сите претстави. Оваа куќа има и долга традиција на студентски попусти така што студентите можат да ги погледнат постановките од репертоарот на куќата за 150 денари.

Стотици долари за претстава на „Бродвеј“

Во еден од највлијателните комерцијални театри во светот, „Бродвеј“ во Њујорк, цената на билетите изнесува од 50 до 360 долари, во зависност од местото од каде се гледа претставата. Според најновите истражувања, театарот во текот на 2007/08 година заработил приближно 937 милиони долари само од билети.


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:

БЕРЛИНСКИОТ ЅИД ПОВТОРНО ПАЃА
Уништен бакнежот на Брежњев и Хонекер

КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР
Промоција на „Превид“ од Тања Урошевиќ

ИСТОРИСКА КОНСТРУКЦИЈА „МЕЈД ИН ЈУРОП“
Од Косово до Финска идентични национални митови

ПРОМОЦИЈА
Шестата книга за Потер на македонски

ИЗЛОЖБА ВИ БИТОЛСКА „МАГАЗА“
„Приватен хотлајн“ на Стојан Ѓуриќ

  

    


Приказни што не се продаваат




















 
| Најава
© 2005 Време. www.vreme.com.mk Сите права се задржани.

 
juicy couture christian louboutin tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers nfl jerseys mbt shoes ugg boots Gucci super bowl jersey gucci online,gucci shoes