Унгарскиот пијанист Георг Шандор, еден од најголемите
промотори на делото на Бела Барток, почина во Њујорк на 93. години.
Шандор е роден во Будимпешта, каде што студирал пијано заедно
со Барток и Золтан Кодаљ. Дебитираше во Карнеги Хол во 1939 година.
За време на својата пијанистичка кариера премиерно изведе
голем дел од композициите на Бела Барток. Шандор беше препознатлив како
пијанист токму по изведбата на дела од неговиот сонародник, но и по интерпретацијата
на дела од Кодаљ и Прокофјев. Последен пат настапи во јавноста летово во Турција.