nike dunk sb Kobe Bryant Shoes wedding dress Flooring discount fashion handbags replica handbags replica rolex nfl jerseys NFL Jerseys NFL Jerseys Cheap Shox Shoes
Кликни за поголема

Најнови видеа превземени од a1.com.mk
adidas superstar puma feffari cheap nike shoes air max 180
Време, број 710, 07.05.2006





     


Крвопијците и Стевица Тарзан

Утре е Први мај - Меѓународниот ден на трудот и борбата за работнички права. Како никогаш досега работничките права на македонскиот работник не биле во толку катастрофална положба. Особено тешка и загрижувачка е состојбата со работничките прва во текстилната индустрија. Газдите се однесуваат како вистински крвопијци. Ај што се работи и во саботите и неделите без соодветен паричен надомест (дупли дневници, слободни денови и слично), туку платите се движат од 4.500 до 6.000 денари. Притоа работното време се искачува и до „фантастични“ 12 часа дневно.
Освен тоа, односот на крвопијците (демек газдите) кон работниците е на ниво на 18 и 19 век. Во една скопска текстилна крвопијница (читај: фабрика) газдата кој вози „мечка“ не им дозволува на работничките да пуштаат вода во ВЦ-говнарот, штедел на вода. Во една друга текстилна фабрика во Штип, газдата, кој вози џип, за време на зимата не им пуштал греење на работничките. Во една друга скопска крвопијница, газдата физички нападнал една од работничките - притоа целиот настан е снимен на мобилен телефон, а полицијата и трудовата инспекција молчат. Во трета скопска крвопијница, работничка која во недела треба да прави свадба оди кај газдата да побара слободен ден - газдата љубезно ја прима и и сопштува: „Во сабота ќе дојдеш прва смена на работа, а во недела слободно оди мажи се. Во понеделник не мораш да доаѓаш прва смена, дојди втора“.
А наспроти сето ова, Стевица Тарзан изјавува дека „работниците биле заштитени како мечки во планина“. Епа, Стевица случајно да живееше во Франција и случајно да беше министер за труд и социјала, по една таква фашизоидна изјава, Париз ќе гореше, Си-ен-ен ќе јавуваше за стотици запалени автомобили, за масовни штрајкови, за судири меѓу жандармеријата и младите студенти, за оставка на премиерот, за распишување на предвремени избори.... А Стевица? Е Стевица навистина ќе имаше можност да ги види мечките у живо. Ќе беше фрлен во кафезот кај мечката во Зоолошка - бидејќи, нели, е експерт за мечкини права.
(30 Април)


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:

Вуна
Дарк Агес


Второмајски пост


Валпургиски ноќи


„Социјалдемократската идеја“


Кој се ме нервира...

  

    






















 
| Најава
© 2005 Време. www.vreme.com.mk Сите права се задржани.

 
juicy couture christian louboutin tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers nfl jerseys mbt shoes ugg boots Gucci super bowl jersey gucci online,gucci shoes