nike dunk sb Kobe Bryant Shoes wedding dress Flooring discount fashion handbags replica handbags replica rolex nfl jerseys NFL Jerseys NFL Jerseys
Кликни за поголема

Најнови видеа превземени од a1.com.mk
adidas superstar puma feffari cheap nike shoes air max 180
Време, број 1278, 28.01.2008





     

РАЗГОВОР: КРИСТОФЕР ДЕЛИСО, ПАТОПИСЕЦ
Сакам странците да ја видат Македонија со мои очи

Наташа Доковска

Американскиот слободен новинар Кристофер Делисо, кој, меѓу другото, соработува и со најголемата издавачка куќа за популарни туристички информатори, „Лонли планет“, деновиве е во центарот на вниманието со книгата „Скриена Македонија“, која на англиски јазик ја објави издавачката куќа „Матица“. Додека во пријатна атмосфера Крис ја потпишува книгата за читателите што имаа можност да се сретнат со него и да поразговараат за ова дело, разговараме за неговата инспирираност од Македонија и за процесот на раѓање на неговата книга. Од каде зборот „скриена“ во насловот на твојата книга? - Идејата за насловот е на издавачот, која ми се допадна и јас ја прифатив. Во книгата се обидов да ја изложам двојноста на Македонија на еден несекојдневен, повеќе филозофски начин. Сакав да раскажам за Преспанско и за Охридско Езеро, на пример, кои се поделени меѓу три земји: Македонија, Албанија и Грција. Тоа не значи дека имав за цел да пишувам за тоа од некоја геополитичка провокација. Не, сакав да ја запознаам и да ја претставам Македонија од друг агол, од аспект на луѓето што живеат околу езерата. Сакав од моја перспектива на странците да им ги откријам природните убавини на Преспа и на Охрид, да проговорам за историските, археолошките и за културните богатства на овој дел од Македонија. Идејата ми беше на еден позитивен начин да им ја презентирам Македонија, да ја промовирам земјата. Во книгата говорите и за Македонците што живеат на трите страни од Преспанско Езеро, во Македонија, во Албанија и во Грција. Како течеше вашата комуникацијата со нив?
- Воопшто немав проблем со тоа. Во Албанија, на пример, во општина Пустец, Македонците си го зборуваат мајчиниот јазик. Немаше проблем ниту со властите во земјата. Имено, во Албанија македонското малцинство е признато. Што се однесува до Грција, луѓето, исто така, без проблем се согласуваа да разговараат и говореа на македонски јазик. Се најавува македонска верзија на книгата. Кога може да ја очекуваме?
- Во март треба да се појави македонското издание на „Скриена Македонија“. Јас со голем интерес го очекувам тоа, а особено ме интересираат оценките од македонските читатели. Верувам дека многумина од нив ќе се прашаат зошто некои парчиња од книгата се напишани на овој или на оној начин. Но, кога се чита „Скриена Македонија“ секогаш треба да се има предвид дека целна група на оваа книга се странците, кои сакам преку неа да ги натерам да дојдат и да ја посетат Македонија. Планирани се промоции на книгата во повеќе поголеми градови низ Македонија и верувам дека ќе успеам да „влезам“ во секој дом. Книгата веќе е во понудата на сите продажни места на „Лонли планет“?
- Да, книгата се продава во сите книжарници и на сите аеродроми, заедно со другите изданија на „Лонли планет“, а во Македонија во книжарницата на „Матица“. Имате ли некоја друга инспирација, која ќе заврши во облик на книга?
- Имам намера да почнам да пишувам книга за едно археолошко истражување, а материјалот веќе го разработувам со некои мои соработници.


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:

СЕМИНАР ВО МАЛА СТАНИЦА
Како до парите од културните фондови

ФЕСТИВАЛСКА ТУРНЕЈА
„Сенки“ на Манчевски во Санта Барбара

ОТВОРЕНО ГРАФИЧКО СТУДИО
Перформанс на „Свирачиња“


Бесплатен влез секој последен викенд

ДИРЕКТОРОТ НА БИТОЛСКИОТ ТЕАТАР ВОЗВРАЌА
Место театар, киното „Партизан“ стана магацин

КИЦ
Хашки дела

  

    


Брз одговор на скршените прсти




















 
| Најава
Supra Footwear © 2005 Време. www.vreme.com.mk Сите права се задржани.

 
juicy couture christian louboutin tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers nfl jerseys mbt shoes ugg boots Gucci super bowl jersey gucci online,gucci shoes