|
ПРОМОЦИЈА
Шестата книга за Потер на македонски
„Хари Потер и полукрвниот принц“, шестиот дел од серијата книги за Хари Потер, издание на „Младинска книга“, вечерва, во 19 часот, ќе биде промовиран во книжарницата „Матица“, а од утре книгата ќе може да се најде во сите поголеми книжарници во земјава. Шестото продолжение на книжевната серија за младиот волшебник Хари Потер, е објавено на англиски јазик во 2005 година. Британската писателката Џоан Роулинг почна да ги објавува книгите за Потер во 1997 година. Наскоро тие станаа едни од најбараните и најпреведувани книги низ целиот свет, а авторката од анонимец го достигна врвот на книжевните топ-листи. Планетарната обземеност со Хари Потер не престанува и покрај многубројните книжевни и филмски продолженија.
|
Слични статии:
Останати статии од оваа рубрика:
|
|