Неколку писма и ракописи на холандскиот писател Ханс
Кристијан Андерсен ќе бидат изложени во Музејот во неговиот роден град Оденсе.
Градскиот музеј во Оденсе неодамна набави пет ракописи на
Андерсен на аукција во организација на аукциската куќа „Брун-Расмусен“.
Ракописите на аукцијата ги купил еден странски колекционер,
но имајќи го предвид неговото значење, како дела на културното наследство на
Данска, Министерството за култура на таа земја ја спречи нивната продажба.
Освен ракописи, музејот ќе изложи и осум писма, чиј автор е Андерсен.