nike dunk sb Kobe Bryant Shoes wedding dress Flooring discount fashion handbags replica handbags replica rolex nfl jerseys NFL Jerseys NFL Jerseys cheap air jordan
Кликни за поголема

Најнови видеа превземени од a1.com.mk
adidas superstar puma feffari cheap nike shoes air max 180
Време, број 1889, 08.02.2010





     

ВТОР КРУГ ОД ИЗБОРИТЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ
Украина се плаши од нереди

Околу 37 милиони Украинци со право на глас на 38.000 изборни места вчера го избираа новиот шеф на државата меѓу опозицискиот лидер Виктор Јанукович и актуелната премиерка Јулија Тимошенко.
И двата кандидата се залагаат за европски интеграции со истовремено подобрување на односите со Москва.
Аналитичари се со став дека е можна тесна победа на Јанукович, но Тимошенко се заканува дека ќе повика приврзаници на протести ако процени дека на изборите постојат неправилности. И шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ, Жоао Соарес изјави во саботата дека главниот проблем на двајцата кандидати ќе биде прифаќањето на резултатите од гласањето. Изборите во Украина ги следат околу 4.000 меѓународни набљудувачи. Масло на огнот додаде и се уште актуелниот украински претседател Виктор Јушченко, кој пред три дена ги потпиша оспоруваните измени во Законот за изборите. Измените, усвоени со големо мнозинство на вонредна сесија на Врховната рада, им дозволуваат на изборните комисии да заседаваат и при немање кворум. Секое изборно место е раководено од изборна комисија, чиишто членови се номинираат пропорционално од парламентарните партии. Пред измените во Законот за изборите комисиите можеа да го одобруваат пребројувањето на гласовите и да регистрираат жалби само со мнозинство од две третини од членовите. Според измените, на следните избори комисиите ќе усвојуваат решенија со мнозинство од 50 проценти плус еден член.
Премиерката Јулија Тимошенко ги оквалификува измените како „крај на демократијата во Украина“. - Ако Јанукович сака измама, подготвени сме да му дадеме отпор каков што не е виден досега, дури ниту во 2004 година - изјави во четвртокот Тимошенко. Таа алудираше на народното движење наречено „Портокалова револуција“, кое заврши со поништување на „победата“ на нејзиниот ривал на претседателските избори во 2004 година поради местење на изборите. Промените во Законот ја одземаат можноста на претставниците на Тимошенко во комисиите, кои вообичаено составуваат 35-40 проценти од составот, да блокираат одлуки одбивајќи да гласаат.
Нејзиниот опонент, пак, изјави дека промените во законот се неопходни, за да и оневозможат на Тимошенко да ги саботира изборите откако им нареди на своите луѓе во изборните комисии да се воздржат од гласање.
Првичните резултати од гласањето треба да бидат познати денеска.


Во мојот живот доминира Украина


Јулија Тимошенко е многу убедлива жена. Политиката и е во крвта, затоа и во нејзините говори често може да се чуе следново:
- Во мојот живот не доминира моето семејство или некои приватни работи. Во мојот живот доминира Украина. Луѓето ме почитуваат затоа што не владеам со железна рака и со празни зборови и слогани. Тоа не е мојот начин. Јас своите чувства ги изразувам со зборови. Можеби во тоа е тајната – вели таа.
Во најголема мера таа е фокусирана на своето минато, во најголем дел на 90-тите години, кога сите ја познаваа како успешна деловна жена. Иако, за волја на вистината, таа во тој период раководеше енергетски концерн што имаше монопол во продажбата на рускиот гас.


Враќањето на Јанукович


Виктор Јанукович, кој е десет години постар од противникот Тимошенко, исто така, игра на картата „близина со народот“. Тој често наведува дека израснал во регион познат по одгледувањето свињи. Токму поради тоа, многумина во Украина го доживуваат како политичар што знае колку може да биде тежок животот во работничко семејство.
И покрај тоа што тешкото минато му оди на рака во претседателската кампања, секогаш одново се појавуваат дамките во биографијата на Јанукович. Вклучително и престојот во затвор, дури двапати во младоста, поради разбојништва и напади. Тој во политиката влегол во 90-тите години и во 2004 година се најде на чекор до остварување на целта, но, по обвинувањата за фалсификат на изборите, во Украина се случи „Портокаловата револуција“ и неговата политичка кариера беше речиси уништена.
Пет години подоцна, Јанукович реши да се врати, во време кога Украина беше тешко погодена од економската криза. Разочарувањето меѓу гласачите е големо. Сето тоа му оди во прилог на прорускиот кандидат.


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:

СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ВО САД
Двајца загинати, блокиран сообраќајот

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ЈАПОНИЈА
Властите предупредија од цунами

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА
Четири децении малтретирање ученици

ЗАКЛУЧОК НА ПОСЛЕДНИОТ ДЕН ОД МИНХЕНСКАТА КОНФЕРЕНЦИЈА
НАТО мора да соработува

СУДЕЊЕ НА СТОЛЕТИЕТО ВО ХРВАТСКА
Гудуриќ ја негира вината за убиството на Пуканиќ

ИРАН ПОВТОРНО РЕТЕРИРАШЕ
Почнува производство на нулеарно гориво

ВО НАЈСИРОМАШНИОТ ДЕЛ ОД НАЈСИРОМАШНИОТ РЕГИОН ВО ИТАЛИЈА
Калабриско село се претвори во Утопија

И ВЕНЕЦУЕЛА БЕЗ ИНТЕРНЕТ
Чавез се плаши од „твитер“

  

    


„Заборавени“ пари




















 
| Најава
Supra Footwear © 2005 Време. www.vreme.com.mk Сите права се задржани.

 
juicy couture christian louboutin tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers nfl jerseys mbt shoes ugg boots Gucci super bowl jersey gucci online,gucci shoes