Третата самостојна изложба на уметничка фотографија на Душан
Доцевски е отворена во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Доцевски учествувал на повеќе државни и меѓународни фотографски
конкурси, каде што има освоено и повеќе награди и признанија. Самостојно изложувал
1985 во Куманово и 1986 во Белград. Како секретар на Народната техника во
Куманово и еден од основачите на Фото кино клубот „Козјак“ - Куманово дава
огромен придонес во развојот и популаризацијата на уметничката фотографија
преку организирање на Републичката изложба на уметничка фотографија „Куманово“.