|
ОДАНОЧУВАЊЕ
Верските заедници ќе се договараат за фискални каси
Претставниците на пет верски заедници во земјава денеска ќе седнат на заедничка маса со Управата за јавни приходи да разговараат за фискализацијата. Иако Управата оваа средба ја оцени како партнерска за да се најдат решенија за фискализација на местата каде што се врши промет и чие плаќање се врши во готово, верските лица одбиваат поставување фискални каси во нивните објекти.
- Нема да предложиме никакви решенија затоа што сметаме дека ваквиот начин на оданочување не е својствен за верските заедници - вели портпаролот на МПЦ, владиката Тимотеј.
Тој додава дека не е издржано барањето на државата да се плаќа данок и на свеќите што се продаваат во верските храмови. Од Исламската верска заедница не одбиваат средба и разговор со УЈП, но се уште стојат на ставот дека нема што да фискализираат бидејќи немале продавници.
Верските заедници како правни лица беа единствените за кои Управата не даде краен рок за фискализација, како што тоа го направи во МВР и во здравството. Од УЈП повторуваат дека тема на разговорите ќе бидат само местата односно продавниците каде што се врши промет и се плаќа во готово.
Е. С. И.
|
Слични статии:
Останати статии од оваа рубрика:
|
|