|
АНКЕТНА КОМИСИЈА
Собранието со резолуција ќе ги брани правата на Егејците
Собранието мора да донесе резолуција со која ќе и укаже на Владата да преземе мерки за да ги заштити правата на Македонците протерани од Грција во Граѓанската војна. Ова беше заклучено на вчерашната седница на собраниската анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните. - Бараме Владата да ја комплетира документацијата за бегалците за тие да можат да си ги бараат имотните права во Грција. Владата на секои шест месеци треба да го известува Собранието што презела за заштита на правата на овие луѓе - рече Мери Младеновска-Ѓоргиевска, претседателка на комисијата. Барањето до претседателот на Собранието е оваа резолуција да ја стави на дневен ред, што е можно побрзо на пленарна седница. - По 60 години, ова е прв конкретен чекор за да се реши нашиот проблем - рече Ѓорѓи Доневски, претставникот на Здружението на децата-бегалци од егејскиот дел на Македонија.
С. С.
|
Слични статии:
Останати статии од оваа рубрика:
|
|