nike dunk sb Kobe Bryant Shoes wedding dress Flooring discount fashion handbags replica handbags replica rolex nfl jerseys NFL Jerseys NFL Jerseys Cheap Shox Shoes
Кликни за поголема

Најнови видеа превземени од a1.com.mk
adidas superstar puma feffari cheap nike shoes air max 180
Време, број 687, 10.04.2006





     

БОРЕЊЕ
Шабан Сејдиу е нов претседател на ФБСМ

Прославениот македонски ас на македонското борење, спортскиот великан Шабан Сејдиу е новиот претседател на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ). Ова е одлуката што на изборното собрание во саботата со акламација ја донесоа присутните делегати од 11 клуба (шест не беа присутни), со што беше ставена точка на двомесечното функционирање на Федерацијата преку Координативното тело.

Покрај претседател, на Собранието беше избран и потпретседател, и тоа градоначалникот на Облешево, Орце Митров, кој доаѓа од БК Спартак. Беше формиран и УО, во кој по автоматизам, покрај Сејдиу влегуваат претставници на најдобрите пет клуба за минатата сезона (Балканец, Бучим, Спартак, Лирија и 7 Мај Тигар), додека дополнителните три члена ќе бидат познати во текот на неделава.

- До последен момент опстојував на мислењето дека не треба јас да бидам претседател, туку таа функција треба да му се даде на Насе Насев. Сепак, тој се откажа, а откако ми даде поддршка и вети дека ќе помага и како директор во МОК и како човек од борењето, прифатив да застанам на чело на Федерацијата. Покрај ова, имав поддршка од сите клубови, која очекувам да ја имам и во иднина, бидејќи без неа нема да можам да ја водам Федерацијата - ни изјави новиот претседател на ФБСМ, Сејдиу.

Тој е задоволен што ќе соработува со луѓето со кои се знае повеќе години и за кои верува дека му сакаат добро на борењето. Свесен е за тешкиот момент во кој се наоѓа Федерацијата, но со заедничко ангажирање верува дека нашиот најтрофеен спорт во блиска иднина ќе го оправда тој епитет.

- Моментно Федерацијата е во најтешка ситуација, па затоа треба да се организираме час поскоро за да ги помрднеме работите од мртва точка. Не ветив пари како моите претходници, кои никогаш не ги покажаа на виделина. Она што можам да го ветам е дека со соработниците ќе тропаме на секоја врата што е државна институција, каде што ќе поднесеме планови преку кои очекуваме во иднина да имаме успех, кој сигурен сум дека нема да изостане. Имаме квалитет за такво нешто, а во овој момент треба брзо да се реагира, пред се кога е во прашање списокот на патници за ЕП, кое од 25 до 30 април ќе се одржи во Москва. Затоа, до крајот на неделава ќе одржиме состанок на УО, кој ќе ги добие последните три члена, по што ќе бидат познати и патниците за Москва - додаде Сејдиу.

На саботното собрание на ФБСМ помина програмата за работа и настапи во 2006 година, а од поинтересните одлуки за издвојување е и приемот на новиот клуб Илинден од Крива Паланка.

Б.Л.


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:

ОДБОЈКА
Струмичани се пласираа во финалето

ПЛИВАЊЕ
Маленко и Наумовски одново потфрлија

КАЈАК НА МИРНИ ВОДИ
Одредена е репрезентацијата

ЛИЦЕНЦНА КОМИСИЈА НА ФФМ
Шкендија 79 е за во Европа, Ренова не е

КОШАРКА
Јовановски и Симиќ го урнаа сонот на „металците“

ТЕНИС
Грците на колена пред Македонија

ИЗБОРНО СОБРАНИЕШАХ
Чоловиќ го освои одличното 10. место

  

    


Измама за лицата со хендикеп?




















 
| Најава
© 2005 Време. www.vreme.com.mk Сите права се задржани.

 
juicy couture christian louboutin tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers nfl jerseys mbt shoes ugg boots Gucci super bowl jersey gucci online,gucci shoes