nike dunk sb Kobe Bryant Shoes wedding dress Flooring discount fashion handbags replica handbags replica rolex nfl jerseys NFL Jerseys NFL Jerseys
Кликни за поголема

Најнови видеа превземени од a1.com.mk
adidas superstar puma feffari cheap nike shoes air max 180
Време, број 710, 07.05.2006





     


Кој се ме нервира...

Пишува
Алекс Букарски
Постојат повеќе групи луѓе што ме нервираат.
Просто, кога ќе ги видам или слушнам како се зборува за нив, ми се превртува стомакот, чувствувам осмотски притисок во хранопроводникот и ми доаѓа за повраќање. Затоа сосема транспарентно решив да составам листичка на типови луѓе што ме нервираат и да ја споделам со вас.
Ен, два, три...
 
Патриоти
Патриотите се едни од најограничените луѓе кои ги познавам. Се тупкаат в гради, повикуваат на чувство кон татковината и должност истата да ја одбраниме итн. Се повикуваат и на традиција и така нешто, нешто што едвај малце го почувствував во второ одделение, кога учителката ме изфршка со стапчето по раце бидејќи не научив една никаква родољубива песничка. Џемс Џојс вели: „Зошто да умрам јас за Ирска, нека умре Ирска за мене“. Инпутирајте ја нашата татковина на местото од зборчето „Ирска“.
Примерни работници
Младите примерни работници не се свесни дека се примерни работници. Едноставно, убедени се дека работат правилно. Старите примерни работници свесни се колку се зафркнати. Најчесто се избркани од работа и се буквално на улица. Во меѓувреме, додека другите учеле како еден ден да станат газди и да ги претворат во технолошки вишок, примерните работници работеле чесно, совесно и чесно. Сега без никаква заштеда (а како да заштедиш кога си работел цел живот чесно?), имот или пара, скитаат по улици и буричкаат по кантите со ѓубре. Не можам да ги смислам сите тие примерни работници кои штрајкуваат по улиците. Готово...
 
Чесни девојки со добра репутација
Има и чесни мажи, но тие претежно се питачи. Чесни девојки се сите оние што немаат истакнато цена на себе како куклите по бутиците. Чесната девојка смета дека е бесценета и постојано труе со својата чесност. Оној кој има бркано чесна девојка знае се што не треба да истрпи за да ја добие, а дури и откако ќе ја добие ќе сконта дека тоа не е тоа. Џабе. Просто ми се гади од чесни девојки..., а баш такви врие насекаде!
 
Филантропи, мецени и останати хуманисти...
Олдос Хаксли вели: „За да биде некој хуман, треба да е или лицемер или слабоумен“. На ТВ или во весниците постојано гледаме филантропи од најразличен вид (бизнисмени, политичари, естрадни ѕвезди) како се пентарат наоколу и даруваат. Зошто? Зошто прават добри дела? Хумани се, сакале да помагаат таму каде што е неопходна помош. Океј, зошто тогаш не им ја кажат тајната на сиромашните како и тие да станат богати и успешни, а? Тогаш сите ќе бидеме богати филантропи. Но, така претпоставувам нема да биде интересно. Од причина што за некој да има премногу (и нешто од тоа да дава), многу други треба да имаат премалку.
 
Новинари што ја пишуваат вистината
Ваквите се додуша многу малку, скоро до истребување. Имаат егзистенцијални проблеми, ги гонат по судови, главните уредници им вршат притисоци, криминалци им се закануваат, снаодливите корумпирани колеги им се смеат колку се глупави што се занимаваат со вистината и сл. Но, реално да се запрашаме - кој е им е крив, бе чоек? Што ги учеле на факултет? Добро, заеби факултет, зошто како пример не ги зеле нивните постари колеги-новинари, кои одамна раскрстиле со сите морални дилеми и сега спокојно си пишуваат невистини. Плус, богати се.
 
Естрадни пејачки што не сакаат да си стават силиконски гради
Кога ќе видам естрадна пејачка на која не и се големи градите ко балони, менувам канал или одам во друга кафана. Деновиве не знам кај читав, една естрадна пејачка сакала да биде природна, не сакала да клава силикони? Ах, мори сестро, копај на нива ако си толку натурална. Значи, друг им ги пишува песните, пеат на плејбек и не сакаат да ги зголемат своите гради? Мислам, и онака вашата таргет-група не се пали на текстови и на музики, дајте барем малце цице покажете. Ве молам! Само за бато Букаро и убавото друштво!
 
Ме нервираат и...
...Грижливи родители, првенци на генерацијата, ревносни џандари, адвокати кои ветуваат дека ќе го добијат случајот, ценети доктори, особено хирурзи, заболекари кои лажат дека нема да боли, политичари со слаб рејтинг, таксисти кои во три по полноќ чекаат на црвено, непоткупливи професори, загрижени екологисти, педантни банкари, студенти кои одат редовно на предавања, космополити кои се декларираат како граѓани на светот, националисти кои тврдат дека ако не го цениш своето нема ни туѓото, оптимистични економисти итн, итн.
 
П.С. Најмногу од се, пак, ме нервираат контроверзни „нихилистички“ колумнисти, кои по секоја цена сакаат да провоцираат за да привлечат внимание... за таквите би напишал многу, но што да ви пишам, кога вие знаете многу подобро.


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:

Вуна
Дарк Агес


Второмајски пост


Крвопијците и Стевица Тарзан


Валпургиски ноќи


„Социјалдемократската идеја“

  





























 
| Најава
Supra Footwear © 2005 Време. www.vreme.com.mk Сите права се задржани.

 
juicy couture christian louboutin tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers nfl jerseys mbt shoes ugg boots Gucci super bowl jersey gucci online,gucci shoes