|
НА НАЈПОЗНАТИОТ САЈТ ЗА ЏЕЗ
Тале Огненовски џез-музичар на денот
Светски познатата и најрелевантна интернет-страница за џез-музика њњњ.алл абоут јазз.цом деновиве објави статија со која му оддаде признание на македонскиот инструменталист и музичар Тале Огненовски. Текстот се однесува на признанието кое екипата на овој сајт му го додели на 27 април, на денот на неговиот 87. роденден, кога го прогласи за џез-музичар на денот. Ова е големо признание бидејќи вакво признание во деновите кога се родиле, независно дали во тој момент биле живи или починати, го добиле и другите најславни џезери на сите времиња - Бени Гудман, Мајлс Дејвис, Арти Шо, Сидни Бекет, Дјук Елингтон, Ела Фитџералд и други. Слични пофални статии за големиот виртуоз се објавени на страницата на „Мусиц Индустрѕ Нењс Нетњорк - Мусиц Евентс“, а на најголемата интернет-енциклопедија „википедија“ Огненовски е наведен меѓу 34. најголеми кларинетисти на сите времиња во светот. Огненовски е најголемиот македонски инструменталист, кој свири на кларинет, кавалче, гајдарка и зурла и еден од најголемите композитори на инструментална музика. За неговите дела, неговиот син м-р Стеван Огненовски напиша книга, насловена: „Тале Огненовски, виртуоз на кларинет и композитор“. Тие двајцата се продуценти на трите албуми на Огненовски издадени за американската дискографска компанија „Индипендент рекордс“, „Јазз, мацедониан фолк данцес анд цлассицал мусиц“, „Мозарт анд Огненовски цларинет цонцертос“, како и „Мацедониан цларинет јазз цомпосед бѕ Тале Огненовски“. Овие албуми може да се купат на интернет преку њњњ.амазон.цом, њњњ.цдбабѕ.цом., а дигитална верзија може да се симне преку њујоршката компанија „Ди орфард“ и 600 компании за дигитална продажба со кои Тхе Орцхард има потпишано договор за дистрибуција, како, на пример, најголемата „ајтјунс“ (њњњ.итунес.цом) и други. Кај нас овие албуми се продаваат само во „Југотон“. Тале Огненовски има компонирано и аранжирано 150 македонски народни ора, еден класичен концерт насловен „Тале Огненовски концерт за кларинет бр. 1“ и 12 џез-композиции. На сите композиции на неговите албуми тој е солист инструменталист на кларинет, кавалче, гајдарка, зурла и тапан, а на дел од композициите заедно со него на кавалче свират и Стеван Огненовски и неговите синови Никола и Климент. Стеван е автор на осумте музички видеа на неговиот татко, кои се ставени на интернет-страницата „јутјуб“, што придонесува за афирмација на македонската култура во светот.
Ва.Ѓ.
|