|
ЛДП
Образованието натежнува од проблеми
Убиството на ученик во Ченто (Скопје), случајот на деветгодишната Ванеса од Тетово, претепаниот наставник во Арачиново, ученичките тепачки на автобуските станици во Скопје, снимањето видеоклипови со експлицитна порнографска содржина и низа други немили настани, повеќе од јасно покажуваат дека состојбите во основното и средното образование веќе одамна излегле од контрола. Смета ли, можеби, Министерството за образование дека ова не е негов, туку проблем на локалната самоуправа, вели професорот Владимир Петрушевски од Либерално-демократската партија.
На вчерашната конференција ЛДП побара напластените проблеми да не се пикаат под тепих, туку да се решаваат.
|