nike dunk sb Kobe Bryant Shoes wedding dress Flooring discount fashion handbags replica handbags replica rolex nfl jerseys NFL Jerseys NFL Jerseys
Кликни за поголема

Најнови видеа превземени од a1.com.mk
adidas superstar puma feffari cheap nike shoes air max 180
Време, број 843, 20.09.2006





     

ПОРАДИ ФИНАНСИСКИТЕ ПРОБЛЕМИ
Одржувањето на МОТ е херојски подвиг

Од 18-те театарски претстави од Белгија, Швајцарија, Словенија, Франција, Италија, Србија, Полска, Бугарија и од Македонија, најавени за претстојниот „Млад отворен театар“, три се спорни, но дури и така одржувањето на годинешниот МОТ е херојски подвиг, велат организаторите на овој театарски фестивал.

- Дополнителните средства што ни беа ветени не се потврдени така што не можеме да ризикуваме со претставите на Словенско народно гледалишче, на „Суд Коста Оксидентале“ од Италија и на полскиот театар „Синема“ - велат од фестивалската дирекција.

Годинава неколку европски земји и Македонија ќе се претстават со најдоброто од својата театарска продукција на фестивалот што ќе се одржи од 23 септември до 3 октомври. Како и досега, фестивалската понуда ќе биде збогатена со повеќе придружни манифестации, средби со творците и со европските ѕвезди, трибини и промоции, концерт, театар на филм и клупската сцена во фестивалскиот клуб.

- Свесни за високите очекувања и за истенчениот вкус на верната мотовска публика, ја подготвивме годинашната програма со соодветен информативен материјал и со нова веб-страница. Повторно, во расчекор помеѓу желбите и можностите - вели Љубиша Никодиновски - Биш, уметнички директор на МОТ.

Според него, како резултат на имиџот на сериозен и предизвикувачки фестивал во светските и европските мрежи, учеството на МОТ се прифаќа од почит и задоволство, без или со минимални хонорари, што е од огромна помош за ограничениот буџет на манифестацијата.

По тридецениско опстојување, одржувањето на најпопуларниот театарски фестивал во земјава, МОТ, годинава беше доведено во прашање. Младинскиот културен центар, под чие покровителство се одвива фестивалот, се соочува со сериозни финансиски проблеми и можност неговата сметка да биде блокирана. Дополнителна тешкотија беше и доцнењето на износот од 2.500.000 денари, со кои Министерството за култура учествува во финансирањето на фестивалот.

На програмата на 31. МОТ се швајцарската трупа „Алиас“ со најновата премиера „Сакам да си одам дома“, Словенечкото младинско гледалишче со „Едната и другата“, по текст на Бото Штраус и во режија на Ивица Буљан, Српското народно позориште од Нови Сад со „Новиот форум за танц“ и „Јазикот на ѕидовите“, театрите „Фани“ и „Александер“ со „Хабемус Папам“, Националниот театар на Косово со „Домот на Бернарда Алба“, во режија на Беким Луми. Македонската театарска и танцова сцена ќе биде застапена со премиерата на МНТ - Гогољевиот „Ревизор“, во режија на Владимир Милчин, најдобрата претстава на Македонскиот театарски фестивал во Прилеп „Женидба“ во режија на Лилиа Абаџиева со битолскиот народен театар, скопската премиера на „Аквариум“ во режија на Буштрим Куртеши, Македонскиот балет со „Дива љубов“ и „Помеѓу овде и сега“, Народниот театар од Штип со „Нирвана“ и Факултетот за драмски уметности со „Арт“.

 

В. Д.

Доаѓа иконата на современиот танц Јан Фабер


По спектакуларниот настап на Белгиецот Вим Вандекејбус на последните две мотовски изданија, годинава во Македонија доаѓа лично учителот - Белгиецот Јан Фабер, една од иконите на современиот танц, филм, перформанс и пошироко, со претставата „Ангелот на смртта“.

Ова е една од најатрактивните претстави на претстојниот 31. МОТ. Драмскиот перформанс „Ангелот на смртта“, комбинација од видеоинсталација и танц, измами воодушевување кај публиката на последниот театарскиот фестивал МЕСС во Сараево, а од европската критика беше оценет како халуцинантно искуство, кое се обидува низ театарот да ги опфати сите уметности. Во неа актерите водат дијалог со соговорници снимени на видео. Публиката седи на подот, затворена во простор сличен на кутија, а на ѕидовите од „кутијата“ се проектираат филмски сцени што го претставуваат бесконечното умножување на уметничките слики низ различни медиуми.

Фабер е придвижувач и на проектот „Оргија на толеранцијата“, кој од идната година ќе обедини театри и фестивали од повеќе земји, а во проектот е вклучен и Младиот отворен театар.


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:

СОРАБОТКА
Македонска графика во Нирнберг

КОНТРОВЕРЗИ
Хандке го напаѓа Грас

ЧИФТЕ-АМАМ
Изложба „Везилка“ на Манева

ИЗВЕШТАЈ НА УНЕСКО
Израелски бомби оштетиле наследство во Либан

ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА „СКОПСКИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ“
Алмодовар собра 1.300 гледачи на пет проекции

ГОРАН ПАСКАЉЕВИЌ ВО „МОМА“
Српскиот режисер во друштво со Иствуд и со Скорсезе

ПРОМОЦИЈА
Големата љубовна песна

  

    






















 
| Најава
Supra Footwear © 2005 Време. www.vreme.com.mk Сите права се задржани.

 
juicy couture christian louboutin tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers nfl jerseys mbt shoes ugg boots Gucci super bowl jersey gucci online,gucci shoes