|
ТМРО
Репарации од Атина за геноцидот врз Егејците
Сегашната влада има историска одговорност да побара од меѓународниот суд воени репарации од Атина за извршен геноцид на повеќе од 750 илјади Македонци и враќање на нивните имоти. Ова на вчерашната конференција за печатот го побара Ванчо Шехтански, претседател на партијата ТМРО и додаде дека е потребна офанзивна медиумска кампања за презентирање на античкото потекло на Македонците и за безусловно барање до ООН за обраќање под уставното име Македонија.
Шехтански во име на партијата ги повика и македонските историчари и археолози да се разбудат и со научен став да им помогнат на Албано Гегите во самосознавањето дека тие на Балканот се донесени од Турците во 17 век од Кавказ, како номадско племе, дека немаат врска со Илирите и дека своите корени треба да си ги бараат и копаат во Азија.
|
Слични статии:
Останати статии од оваа рубрика:
|
|