nike dunk sb Kobe Bryant Shoes wedding dress Flooring discount fashion handbags replica handbags replica rolex nfl jerseys NFL Jerseys NFL Jerseys
Кликни за поголема

Најнови видеа превземени од a1.com.mk
adidas superstar puma feffari cheap nike shoes air max 180
Време, број 813, 19.08.2006





     

ДОКОЛКУ СЕ РЕАЛИЗИРА ПРОГРАМАТА НА НОВАТА ВЛАДА
Компјутерско описменување за сите од 18 до 60 години

Масовна обука за работа на компјутер за сите граѓани од 18 до 60 години без разлика на нивните квалификации и воведување задолжителен предмет информатика во основното образование е само дел од предизборните ветувања во програмата на новата влада што се однесуваа на забрзан развој на информатичкото општество во Македонија. Во новата владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ велат дека извесно е формирањето на министерство за информатичко општество што ќе биде носител на програмата за забрзана информатизација на Македонија. Сепак, за реализација на оваа идеја потребна е поддршка и од опозицијата.

Влатко Чингоски, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека ќе се бараат измени во Законот за Влада за да се формира министерство за информатичко општество. Тоа ќе биде една од првите иницијативи предвидена во програмата на партијата.

- Основна цел на оваа идеја е да се забрза информатичкиот развој и на тој начин Македонија да доживее квантитативен скок во примената на информатичките технологии на ниво на развиените земји. Идејата е да се зголеми бројот на информатичките образовани стручни кадри во сите дејности бидејќи без познавање од оваа област, Македонија не може да оди напред. Поради тоа, сметам дека сите политички партии треба да ја прифатат идејата за формирање Министерство за информатичко општество. Причина повеќе за реализација на оваа идеја е што со формирање на ова министерство нема да се оптовари буџетот бидејќи во него ќе се вработат мал број нови лица, а ќе се преземат и извесен број лица, ИТ-кадри што веќе работат во Министерството за транспорт и врски и во другите министерства - вели Чингоски.

Во програмата на Владата, се предвидуваат низа мерки за зголемување на примената на информатичката технологија и за развој на Е-општество. Се предвидува и набавка на 50.000 компјутери од кои дел бесплатно ќе се доделат во училиштата, а дел по многу поволни услови и набавна цена ќе им се отстапат на македонските граѓани. Се најавува финансиска поддршка на образованието на 5.000 информатичари, како и месечни стипендии од по 5.000 денари за најдобрите студенти. Во програмата се предвидува и бесплатен пристап до Интернет за сите граѓани во Македонија во период од 6 до 12 месеци, информатизација во здравството, царината, јавната администрација. Рокот за формирање министерство за информатичко општество е до крајот на 2006 година.

За прв човек на министерството веќе се споменуваа името на Иво Ивановски, досегашен советник за ИТ на мандаторот Никола Груевски, инаку битолчанец што работи како менаџер на ИТ-одделот во „Пласколит инк“, една од најголемите фабрики за пластика во Охајо, САД.

В. Н.


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:

ШЕФОТ НА ДРЖАВАТ ПРИРЕДИ ПРИЕМ ПО ПОВОД ПЕТ ГОДИНИ ОД ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР
Бранко Црвенковски: Со чиста совест го потпишав рамковниот

ПАРТИЈАТА НА АХМЕТИ СЕ ДВОУМИ
ПДП спремна да ги врати пратеничките мандати

ИСТЕКУВА КРАЈНИОТ РОК ЗА ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ
Партиите ги отвораат тефтерите пред ревизорите

ВМРО-ДПМНЕ
Имотите - на Интернет

И ГОДИНАВА МАНИПУЛАЦИИ СО СТУДЕНТСКИТЕ ЛЕГЛА
Тајно објавени списоците за студентско сместување

СПОРЕД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУГА
Командант Струга рамо до рамо со Поповски и со Јаневски

ПО ЈУНСКОТО НЕВРЕМЕ
Во Струмичко штети од 4 милиони евра

ПЕКОЛНИ ГОРЕШТИНИ ВИКЕНДОВ
Утрешните температури преку 40 степени

РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ОДЛУЧИ
За 9,14 отсто поскапува струјата

СОФИЈА СЕ ПРАВДА
Не даваме премногу бугарски државјанства

НАЦИОНАЛЕН ПАРК „ГАЛИЧИЦА“
Скулптура на рис

ПОВОЛНОСТИ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ
Исплата на пензии во Прокредит-банка

КИЧЕВСКО
Откупени 5.000 тони пченица

ШВЕРЦ НА ЛЕКОВИ
Македонски „трамадол“ на големо се консумира во Србија

УЛТИМАТУМ
МРТ исплати хранарина


Сојуз на Стопански Комори

  

    






















 
| Најава
Supra Footwear © 2005 Време. www.vreme.com.mk Сите права се задржани.

 
juicy couture christian louboutin tiffany jewelry nike shoes vibram five fingers nfl jerseys mbt shoes ugg boots Gucci super bowl jersey gucci online,gucci shoes